Опис
НАЧИН НА ДЕЈСТВО
Дејство на Shark cartilage 750mg
Моторниот систем е изграден од коски, мускули и зглобови, кои заедно со пратечките ткива (лигаменти, рскавици, тетиви, синовијални вреќи и др.)овозможуваат стабилност и подвижност на телото.
Со текот на времето зглобовите претрпуваат промени. Со време зглобната рскавица се истенчува, рскавичниот состав се менува (протеоглукани) и зглобот станува помалку еластичен. Синовијалните површини послабо се лизгаат една под друга, а лигаментите и тетивите кои го опкружуваат зглобот исто така стануваат покрути. Моќта на соседните мускули слабее, што може да го смали распонот на подвижност на зглобовите.
Сето тоа спаѓа во нормални физиолошки процеси, но треба да знаеме дека и ние самите можеме многу да сториме за здравјето на нашите зглобови, и тоа со соодветен начин на живот и со правилна исхрана како и употреба на додатоци на исхрана.
Капсулите од ‘рскавица од ајкула се природна алтернатива за ублажување на симптомите при болки во зглобовите. Екстрактот од морските длабочини има антиедематозно, антиинфламаторно и заштитно дејство. На тој начин ги намалува воспаленијата, обезбедува вискозитет и подмачкување на зглобовите. Истражувањата и долгогодишните искуства докажаа дека со помош на рскавицата од ајкула може долгогодишно да си обезбедите живот без болки и зголемена подвижност на зглобовите.
Предности на Synergy Shark cartilage 750mg
- 100% природен производ