Нашата компанија е основана во 1998 година во Рочестер, Њујорк. Основна и главна цел на компанијата е да обезбеди сигурни, трајни и флексибилни решенија, за нашите клиенти од здравствениот систем, кои ги задоволуваат и се грижат за нивните потреби. Постојано работиме и со континуиран развој и усовршување на сите работни процеси се трудиме да произведеме продукти со највисок квалитет.
Нашето долгогодишно искуство е базирано на успешните пракси на фармацевтската, нутриционистичката и индустрија за производство на суплементи. Сите состојки за нашите продукти се строго одбрани според USP стандарди и имаат најголема чистота и потенција.
Нашите формули се производ на континуирана соработка помеѓу фармацевти и лекари, и постојан напредок на технологијата на производство. Формулите постојано се развиваат и подобруваат за да се обезбеди најдобро можно решение за пациентите и клиентите. Ние тестираме, изработуваме и дистрибуираме со Good Laboratory Practice (GLP), Good Manufacturing Practice (GMP) и Good Distribution Practices (GDP). Исто така внимателно ја спроведуваме регулативата на Европската унија (ЕУ), како и локалната регулатива во секоја земја што ги продаваме и дистрибуираме нашите производи.