Опис
Дејство на MULTIVITAMINS & MINERALS WITH LUTEIN
Користа од примањето мултивитамини и минерали е огромна и повеќекратна. Покрај придржувањето кон правилната исхрана, потребно е дополнително внесување на витамини и минерали во адекватни дози за обезбедување на максимална нутритивна поддршка.
Истражувањата покажале дека најголема корист од редовно земање на додатоци од мултивитамини и минерали имаат хронично болните лица и постарите лица. Воочено е дека кај нив се намалува зачестеноста од инфекции и воспаленија, а при мерење на теломерите од хромозомите е докажано дека со земањето на мултивитамини може да се продолжи и животниот век.
Лутеинот има способност да го заштитува човековото тело од фототоксичното оштетување и од токсичните ефекти на слободните радикали, ултравиолетовото зрачење од сонцето, зрачењето од компјутерите и телевизорите, вештачкото осветлување и сл. Лутеинот е присутен во макулата на човечката ретина и во човековите микро-кристални очни леќи и игра важна улога во заштитата од старечката макуларна дегенерација и катаракта Откако ќе се внесе лутеин во организмот, тој се таложи на macula lutea (жолта дамка) и ретината, како и во леќата на окото. Поради неговиот недостиг настануваат дегенеративни промени во овие делови на окото.
MULTIVITAMINS & MINERALS WITH LUTEIN дава поддршка на целокупното здравје и благосостојба:
- Неутрализирајќи го штетното влијание на слободните радикали го подобрува имунолошкиот систем на организмот.
- Придонесувајќи за одржување на нормална срцева функција и активноста на крвните садови.
- Подобрувајќи го расположението и когнитивните способности.
- Обезбедувајќи нормална густина на коските и нормална функција на мускулите.
- Учествувајќи во формирање на крвни елементи и клеточни мембрани.
- Придонесувајќи за одржување на нормален вид, кожа, коса, слузница, заби.
- Намалувајќи го стресот и исцрпеноста и подржувајќи го нормалното функционирање на нервниот систем.
- Одржувајќи го целокупното здравје на организмот.
Предности на SYNERGY MULTIVITAMINS & MINERALS WITH LUTEIN
- Содржи препорачани дози на сите витамини и минерали наменети за орална употреба.
- Истражувањата што се вршени на Харвардскиот универзитет покажуваат дека употреба на дневна доза од 6 mg лутеин, го намалува оштеувањето на макулата за 40 %.