Опис
Дејство на Fertilimin®(MYO-/CHIRO-INOSITOL COMPLEX)
- Зголемување на плодноста
- Воспоставување на спонтана овулација
- Помага во воспоставување на хормонска рамнотежа
- Одржување на здрава функција на јајниците
- Го подобрува квалитетот на јајце клетките
- Ја намалува инсулинската резистенција кај жени со PCOS
- Го регулира менструалниот циклус
- Го подобрува расположението и ја враќа енергијата
Жените со PCOS имаат потешкотии да го претворат инозитолот од нашата храна во Мио-инозитол и Хиро-инозитол. Докажано е дека двата облика имаат инсулин-подобни својства и дека ја смалуваат инсулинската резистенција, односно ја зголемуваат осетливоста на ткивата на инсулин, посебно кај жените со синдром на полицистични јајници. Недостаток или абнормалности во метаболизмот на инозитолот предизвикува проблем во искористувањето на глукозата и поврзани се со “ резистенција на инсулин”(IR)
IR предизвикува хормонско пореметување: висок инсулин, високи андрогени хормони посебно тестостерон, зголемени естрогени и смален прогестерон, како и намалена функција на штитната жлезда. Kако последица на горенаведеното настануваат нередовни циклуси, изостанување на овулација, гојазност, постојана глад, тешко симнување на вишокот на килограми и замор. Инсулинската резистенција предизвикува покачен холестерол и триглицериди, зголемено натрупување на масти и абнормален тип на гојазност.
Кај жени со PCOS – синдром на полицистични јајници, многу често е високо нивото на тестостерон, појава на акни, изразени влакненца по лицето и телото, губење на косата, неплодност.
Докажано е дека Мио и Хиро инозитолот го подобруваат метаболизмот кај жени со PCOS-синдром на полицистични јајници.
Дневна доза од 2.0g комбиниран комплекс од Мио и Хиро инозитол во траење од 6 месеци резултирало со значајно губење на тежината и нормално ниво на HDL и LDL холестеролот.
Предности на SYNERGY FERTILIMIN® (MYO-/CHIRO-INOSITOL COMPLEX)
- Наменет првенствено за жени со PCOS
- Ги балансира хормоните кои имаат клучна улога во процесот на овулација
- Секоја капсула содржи 500 mg Мио / Хиро инозитол
- Дневната доза обезбедува 2 грама Мио / Хиро инозитол
- Произведенo во САД со GMP сертификат
- Не содржи глутен, квасец и соја, погоден за вегани