SYNERGY OSTEOFIT FORTE®

КАЛЦИУМ, МАГНЕЗИУМ, ЦИНК, ВИТАМИН Д3, ВИТАМИН К2

Што претставува Osteofit forte?

Избалансирана комбинација на минерали и витамини неопходни за јакнење на коските и одржување на нивната структура. Тие се особено важни при превенција на остеопороза и остеопенија, кај забрзан раст на децата, трудници, спортисти, за време на менопауза и кај постари лица.

Се препорачува за превенција и помош при остеопенија и остеопороза, профилакса и третман на рахитис и остеомалација, профилакса кај постоечки ризик за заболување предизвикано од дефицит на витамин Д3, помага во рехабилитација на скршеници и спортски повреди, нормална функција на имунолошкиот систем, нормална мусклулна функција, здрав раст и здрав развој на децата како и при намалено внесување на калциум, магнезиум, цинк, витамин Д3 и К2 преку исхраната.

Опис

Дејство на Osteofit forte

ОСТЕОФИТ ФОРТЕ обезбедува целосен препорачан дневен внес на калциум, магнезиум, цинк, витамин Д3 и витамин К2. Има широка употреба за поддршка на скелетно-мускулниот систем. КАЛЦИУМ И МАГНЕЗИУМ се потребни за одржување на нормални коски и заби, за нормална мускулна функција, ослободување на енергија при метаболички процеси и во процесот на клеточна делба.

КАЛЦИУМ придонесува за нормално згрутчување на крвта, нормална невротрансмисија, добра функција на ензими за варење, раст и развој на коските кај децата.

КАЛЦИУМ И ВИТАМИН Д3 помагаат да се намали загубата на коскен материјал кај жените во менопауза што претставува ризик фактор за остеопоротични коскени фрактури. Тие се потребни и за нормален раст и развој на коските кај децата.

ВИТАМИН Д3 (холекалциферол) придонесува за нормална апсорпција и искористување на калциумот и на фосфорот. Ја подобрува коскената минерализација , помага во формирање на скелетот и забите кај децата, го зајакнува процесот на осификација, неопходен е за нормално функционрање на паратиороидната жлезда. Тој има улога во многу невролошки и клеточни функции за кои е потребен калциум , а учествува и во продукција на моноцити.

МАГНЕЗИУМ придонесува за намалување на заморот и исцрпеноста и нормално функционирање на нервниот систем и психолошката функција. Тој учествува во одржување на електролитниот баланс и нормална синтеза на протеини.

ЦИНК придонесува за нормално функционирање на имунолошкиот систем, за заштита на клетките од оксидативен стрес, за одржување на нормални коски, коса, нокти, кожа, вид и тестостерон во крвта. Тој е неопходен за нормална плодност и репродукција, нормален метаболизам на јаглени хидрати, масни киселини и витамин А. Придонесува за нормални когнитивни функции и синтеза на ДНК и протеини.
ВИТАМИН К придонесува за нормално згрутчување на крвта и одржување на нормални коски.

Предности на SYNERGY Osteofit forte

  • Органска форма на минерали која овозможува нивна максимална искористливост (до 90%).
  • Во една таблета се содржани сите витамини и минерали неопходни за одржување на скелетно-мускулниот и имунолошкиот систем.

Дополнителни информации

Состојка

Количина

Калциум (цитрат)

600 mg

Mагнезиум (цитрат)

300 mg

Цинк (глуконат)

7,5 mg

Витамин Д3 (холекалциферол)

25 mcg (1000 IU)

Витамин К2 (менаквинон-7)

40 mcg

Препорачано дозирање на SYNERGY Osteofit forte

Една-две таблети на ден после оброк.