Опис
Дејство на Витамин Ц 1000 mg
Најпримарно е антиоксидантното дејство на витамин Ц, како и неговата специфична улога во мобилизирање на одбрамбените сили на организмот. Поттикнувакќи ја работата на имунолошкиот систем витамин Ц се препорачува во превенција на инфекции, настинки и грип, како и за намалување на симптомите на истите. Тој ја спречува оксидацијата на маснотиите во телото, со што се превенира атеросклероза. Неопходен е за синтеза на колаген – еластични белковински структури кои ги зацврстуваат мускулите и ѕидовите на крвните садови, а влегува и во состав на кожата, тетивите, коските, ´рскавицата и забите. Затоа внесувањето доволни количества витамин Ц во организмот го олеснува зараснувањето на раните, а влијае и врз поздрав и поубав изглед на кожата. Ја подобрува апсорпцијата на железо во цревата и затоа се препорачува заедно со суплементи на железо. Учествува во превенција на катаракта и помага во одржување на видот.
Дополнително внесување на витамин Ц (како додатоци на исхрана) е корисно и потребно за сите возрасти и во сите годишни времиња бидејќи дејствува во насока на одржување на здравјето на луѓето (продолжување на нивниот животен век, го забавува процесот на стареење, ја одржува менталната и физичката кондиција на потребно ниво и ја зголемува отпорноста на организмот.)
Потребата од постојано внесување на витамин Ц е затоа што тој не може да се складира во организмот подолго време, а бидејќи е растворлив во вода, внесениот вишок се излачува преку урината. Затоа Synergy витаминот Ц е изработен со нова технологија на таблети витамин Ц која овозможува постепено ослободување на овој витамин во текот на 24 часа и негова максимална искористеност.
Зголемени потреби од витамин Ц се јавуваат кај трудници, доилки, рековалесценти, постари лица, при зголемена телесна температура, хирушки зафати, употреба на некои лекови, спортисти, дијабетичари, при хемодијализа, пушачи, при консумирање алкохол, дијети, алергии, стрес и др.
Првите симптоми на недостиг на витамин Ц во организмот најчесто се неспецифични: слабост, брзо заморување и тромост. Во подоцнежната фаза, пациентите се жалат на болки во коските, зглобовите и во мускулите, а понекогаш и на отежнато дишење. Се зголемува можноста за почести инфекции и забавено закрепнување. Може да дојде и до отоци, крварење на непцата, пукање на капилари и бавно зараснување на рани и скршеници. Тежок дефицит на витамин Ц доведува до болеста скорбут.
Предности на Synergy VITAMIN C 1000mg:
- Со технологија на постепено ослободување на витамин Ц од таблетата е овозможена максимална искористливост на активната компонента
- Помала оптеретеност на бубрезите
- Таблетата е збогатена со природен витамин