SYNERGY VITAMIN K2 80mcg

ПОВЕЌЕ ЗДРАВЈЕ ЗА КОСКИТЕ И КРВНИТЕ САДОВИ

Што претставува Vitamin K2 80mcg?

Витамин К се нарекува и антихеморагичен витамин и фактор на долговечноста. Витамин К2 (менаквинон) е природен облик на витамин К кој го синтетизираат бактериите. Како липосолубилен витамин се складира во црниот дроб.

Витаминот К2  е неопходен за правилно искористување на ресорбираниот калциум и неговото потполно вградување во коските. Витаминот К2 спречува создавање на калцификати во крвните садови, ‘рскавицата и меките ткива, кои во најголема мера настануваат кај лица кои континуирано примаат суплементи со калциум и витамин D3.

Витаминот К2 истовремено го намалува и таложењето на калциумот во крвниот систем. Калцификацијата во крвта ја зголемува вкочанетоста и кревкоста на крвните садови, а понекогаш го попречува нормалниот протокот на крв до и од срцето.

Опис

Дејство на Vitamin K2 80mcg

Synergy Витамин К2 е екстракт од јапонска ферментирана соја Natto, којшто содржи најголема количина на природен витамин К2.

Познато е дека калциумот и витаминот Д3 се неопходни за превенција и третман на остеопорозата. Истражувањата покажале дека по навлегувањето во крвта, калциумот преку циркулацијата доаѓа до коските, а за да тие му ја отворат „вратата“, неопходно е потребен витамин К2. Во отсуство на витамин K2, калциумот нема да се вгради во коските во потребната количина независно од внесената количина на калциум. Оваа појава се вика „калциум парадокс“, а последица од оваа појава се нееластични крвни садови, кои се наклонети кон прскање и порозни коски, кои лесно се кршат.

Витаминот K2 има способност да го активира остеокалцинот, протеин кој го транспортира калциумот и го вградува во коските. K2 витаминот го поттикнува и матрикс-гла протеинот, кој како сунѓер го впива вишокот на калциумот во циркулацијата и го елиминира од организмот. Во оваа врзана форма, калциумот не се таложи во бубрезите. Ако овие витамини не се „потпомогнати“ од витаминот K2, тие нема да го врзуваат калциумот и нема да го транспортираат. Затоа велиме дека витамин К2 е неопходен во одржување на здравјето на коските, но и на крвните садови.

За силен и здрав коскен систем неопходна е синергија од: калциумот – минерал неопходен за раст и зацврстување на коските, витамин D3 – овозможува ресорпција на калциумот од цревата и витаминот К2 – за потполно вградување на калциумот во коските.

Витамин К е потребен во црниот дроб и за синтеза на факторот за коагулација – протромбин кој помага и е дел од каскадата на згрутчување на крвта.

Причина за недостаток на витамин K2 во организмот може да биде земањето на антибиотици, на нестероидни антивоспалителни лекови (салицилати и други), или исхрана со намирници кои природно содржат големи количини на салицилати.

Одредени заболувања, како колит (хронично воспаление на дебелото црево), инфекција со кандида, Кронова болест, поблаги и потешки форми на целијакија, можат да доведат до дефицит или пореметен метаболизам на калциум.

Предности на SYNERGY Vitamin K2 80mcg

  • Една таблета содржи 80mcg витамин К2- препорачан дневен внес за овој витамин.
  • Природен облик на витамин К2.

Дополнителни информации

Состојка

Количина

Витамин К2 (Menaquinone -7)

80mcg

Препорачано дозирање на SYNERGY Vitamin K2 80mcg

Една таблета на ден.