Опис
Дејство на Biozym Q10® 100mg
Коензим Q10 се наоѓа во митохондриите, клеточни органели во кои се одвива процесот на создавање на енергија.
Најголема концентрација на коензим Q10 имаат органите кои имаат најголеми енергетски потреби: срцето, црниот дроб и бубрезите.
После 35 година организмот ја губи способноста за синтеза на потребните количини на коензим Q10 за 50% и затоа е потребно негово дополнување преку додатоците на исхрана.
Коензим Q10 го намалува ризикот од кардиоваскуларни заболувања преку намалување на липидната пероксидација на LDL.
Истражувањата покажале дека коензимот Q10 го намалува високиот крвен притисок. Освен тоа ова соединенија го штити желудникот и дванаесетпалечното црево.
Други истражувања покажале дека коензимот Q10 позитивно влијае на некои типови алергии, астма и респираторни болести, дегенеративни заболувања на нервниот систем (Алцхајмерова болест, мултиплекс склероза и Паркинсоновата болест).
FDA ја има одобрено употребата на коензим Q10 во третман на митохондријални енцефаломиопатии.
Лековите за намалување на холестеролот можат да го намалат нивото на коензимот Q10 и да предизвикаат мускулни проблеми, па затоа се препорачува дополнително внесување на коензим Q10 кај пациенти кои примаат статинска терапија. Како моќен антиоксидант учествува во зголемување на имунитетот на организмот и покажува добри резултати во забавувањето на процесот на стареење.
Коензимот Q10 често се применува во терапијата на синдромот на хроничен замор од непознато потекло. При интензивен физички напор (спортисти), поради зголемување на количината на слободни радикали, се препорачува дополнително внесување на коензимот Q10 кој помага во повторно воспоставување на клеточните енергетски резерви.
Предности на SYNERGY Biozym Q10® 100mg
- Само 1 капсула дневно ги задоволува потребите на организмот.
- Со додавање на биоперин, апсорпцијата на SYNERGY Biozym Q10 100mg се зголемува за 30%