Брендови со кои соработуваме

Партнерски Програми

7

AMF

Уште основањето во 1998 година Al-mak Flower inc (AMF) е компанија водена од визијата за пронаоѓање висококвалитетни медицински производи. Преку користење на ригорозни тестови за квалитет, истражувања и преку примена на современи техники на производство, создаден е брендот SYNERGY, во чии рамки се произведуваат нутриционистичките суплементи SYNERGY и производи од медицинска пластика.
2

Egemen International

EGEMEN International е компанија од Турција основана во 1980 година. Долгогодишната традиција, знаењето и иновативноста, овозможуваат производите на компанијата да се користат во 85 држави низ светот. Големата страст во работењето, пожртвуваноста, знаењето и постојаното усовршување на вработените помогнале многу компанијата да добие партнерски врски со голем број на држави.

4

Fortune Medical

Со повеќе од 40 години искуство и работење во полето на медицината, компанијата има изградено цврсти партнерски односи со голем број компании ширум светот. Основа за постојан раст на компанијата е постојаното следење на потребите на докторите и пациентите. Следењето на потребите на пазарот, овозможуваат FORTUNE MEDICAL да создава иновативни медицински производи кои се во целосна согласност со последните напредни технологии. Производите се создаваат користејќи био-компатибилни материјали, силикон и титаниум.


Panep

Компанијата Panep во моментов е една од водечките чешки производители на памучна газа, хируршки драперии и хируршки комплети. Повеќе од 20 години имаат свои производствени капацитети и продажни оддели во Чешка и Словачка со повеќе од 160 вработени. Доброто поставување на пазарот во Чешка и Словачка им овозможило значително да зачекорат кон проширување и на други пазари низ Европа.

37

The 37Company

The 37Company е водечка компанија во Европа која дејствува на глобално ниво во областа на хипотермијата и која нуди целосно иновативни решенија за управување со температурата на пациентот за време на операциони зафати. Со искуство од над 25 години во областа, The 37Company постојано работи на усовршување на своите продукти со помош на стручни имиња од областа.
Add to cart